Д-р Даниловски: Нам ни се случи повратен удар по крајот на рестриктивните мерки

од Aleksandar Petrovski

Д-р Драган Даниловски во гостувањето во „Само Вистина“ истакна дека и самиот е изненаден од силината на вториот бран кој ни се случи.

-Една од причините за вториот бран е поведението на луѓето. Ние го доживеавме тој повратен удар по крајот на рестриктивните мерки. Не избравме најсреќен тајминг на релаксирање на мерките и се случи неизбежно да почне да расте бројот на новозаболени. Морам да признаам дека и мене ме изненади силината на бранот.

Сега немаме ситуација како во првиот бран кога имаше дифузно ширење насекаде во сите општини. Сега имаме диференцијација, загрозени подрачја. Во некои општини каде има голем број на заразени и некои градови каде нема заболени како Битола, Свети Николе итн.

Тоа се должи на некои настани кои беа врзани за некои обичаи и долготрајни собирања кај народот, смета Даниловски.

 

Слични содржини