Д-р Даниловски: Нашиот народ живее нездраво, затоа болестите се со потешка слика

од Берта Китинска

Епидемиологот д-р Драган Даниловски, смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати, објавува Канал5.

– Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот – вели Даниловски.

Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

– Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика – вели д-р Даниловски.

Слични содржини