Д-р Дре хоспитализиран поради аневризма на мозокот

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот продуцент и рапер д-р Дре претрпе аневризма на мозокот, поради што беше сместен во болницата „Кедарс-Синај“ во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми.

Раперот го објави ова на својот Инстаграм профил, објавувајќи црно-бела фотографија под која напиша:

„Благодарам на моето семејство, пријателите и обожавателите за интересот и добрите желби. Одлично ми оди и добивам одлична грижа од мојот медицински тим. Наскоро ќе излезам од болница и ќе се вратам дома“.

Лекарите велат дека не знаат што го предизвикало крварењето, но работат на тоа да се открие причината.

Бројни познати личности на раперот му посакаа брзо закрепнување на социјалните мрежи, вклучувајќи го и раперот Снуп Дог.

Слични содржини