Д-р Фаучи има двојник кој се борел против вирус во 1918 година

од Stefanija Kuzmanovska

Како и главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, во кого претседателот Доналд Трамп има безрезервна доверба, за време на епидемијата на шпански грип кој ја зафатил планетата пред 100 години, д-р Томас Татл (1869-1942) бил на водечката позиција во државата Вашингтон во САД.

И површниот поглед на фотографијата на Татл е доволен за да се забележи фрапантна сличност со Фаучи, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи на корисниците кои се шегуваа дека ова е несомнено доказ за реинкарнација.

Бил за строги мерки

Уште во далечната 1918 година, епидемиологот Татл советувал да се носат маски за лице и социјално растојание за да се забави пандемијата на шпанскиот грип. Иако оваа стратегија навистина успеа, лекарот се соочил со нималку пријатен фидбек, а потоа бил отпуштен од работа.

Во јануари 1919 година, како тогашен американски комесар за здравство на државата Вашингтон, ги повикал законодавците да спроведат строги мерки во градот Олимпија против ширењето на шпанскиот грип, бидејќи штотуку завршил вториот смртоносен бран во САД.

Ограничувањата што ги препорачал д-р Татл пордразбирале забрана за танцување и други социјални собири, како и ограничување на бројот на луѓе кои би можеле да присуствуваат на јавни настани, а тој препишал колку далеку луѓето можат да бидат едни од други. Градскиот парламент гласаше против мерките. Наместо да го послушаат, Татл ја загубил работата.

Меѓутоа, токму ограничувањата на Татл кои му овозможија на Сиетл и другите градови низ Соединетите држави да се заштитат од шпанскиот грип, а слични акции му помогнаа на Канзас да ублажи уште еден бран што го погоди во есента 1919 година.

Испраќал писма до весниците

Двајцата епидемиолози, секој во свое време, се бореа со глобална пандемија во веќе напредната медицинска кариера. Покрај тоа, и Татл и Фаучи учеле на Медицинскиот факултет „Ајви лига“ и двајцата биле вработени во американската служба за јавно здравје.

Во 1915 година, Татл ја прифатил позицијата комесар за здравство во Вашингтон, држава во која шпанскиот грип пристигна само неколку години подоцна, во јули 1918 година.

Првично, биле пријавени 300 случаи, но после тоа, бројот почнал полека да опаѓа. Се чинеше како грипот да се повлекува. Но, во септември, бројките повторно почнале да растат.

На 5 октомври 1918 година, градоначалникот на Сиета, Оле Хансон, ги послушал советите на д-р Татл, ги затворил црквите и други јавни места и вовел задолжително носење маски.

Апелираше на совест на граѓаните

Кога виде дека дава резултати, Татл почна да шири совети за борба против пандемијата со испраќање писма до разни весници, кои ги објавувале неговите препораки.

Писмата на Татл сугерираат дека овој грип може да се спречи да стане епидемија само со „сериозна, совесна и интелигентна помош од секој граѓанин на земјата“. Како Фаучи, и овој епидемиолог ги советуваше луѓето да се држат настрана од јавните собири, да останат дома доколку се појават какви било симптоми и да носат маски на јавни места.

„Сите јавни собири, освен оние што се апсолутно неопходни за одржување на животот и производство на основни воени потреби, треба да бидат забранети“, напишал Татл во своите известувања.

Со оваа рана интервенција, стапката на смртност од грипот полека опаѓала.

Народот се откажал, тој се разбеснил

Подоцна, во есента 1918 година, беа укинати многу ограничувања затоа што голем број граѓани се откажаа од нив.

Покрај тоа, американската служба за јавно здравје не препорачала карантин против грипот. За неколку недели, како што се очекуваше, стапката на инфекција повторно почна да расте.

Водечкиот американски епидемиолог започнал повторно да зборува за ограничувања, овој пат промовирајќи ги „поагресивно“.

Бидејќи постепено се зголемувал бројот на заразени, д-р Татл се повеќе се фрустрирал од лошата епидемиска состојба. Овој пат никој не го слушал. Му се препишало дека припаѓа на „старомодни граѓани кои веруваат дека законите и прописите треба да се спроведуваат“.

Набргу бил отпуштен од работа како здравствен комесар во Вашингтон. Околу 5.000 луѓе починале од шпанскиот грип само во таа држава.

Слични содржини