Д-р Фидановски: Новата постковидна состојба кај децата предизвикува тешка клиничка слика

од Берта Китинска

Инфламаторниот синдром е нова болест откако почна ковид кризата таа за првпат се појави во мај како болест кај децата во целиот свет. Е предизвикана од ковид  тоа се деца кои биле позитивни или биле во контакт со лице позитивно и се појавува како реакција на тој вирус и зафаќа поголем дел од органите, вели Д-р Душко Фидановски во Дневникот на Сител

Тој објаснува дека за овој синдром е специфична високата температура која трае повеќе денови и не реагира на повеќето антибиотици.

-Се работи за болест кој зафаќа два или повеќе системи најчесто кожни, но може да бидат зафатени и внатрешните органи како срцевиот мускул. Може да ги зафати и бубрезите црниот дроб пореметување на хемостазата  како појавување на тромб. Клиничката слика е тешка. Првиот случај беше во средината на јули до сега имаме седум дечиња Последните дечиња беа дојдени за краток временски период. Ниту еден не е ПЦР позитивен тест. Кај 4 од нив имаше позитивна епидемиолошка анкета и имаа антитела, што значи дека биле во контакт со лице кое имало ковид, вели Фидановски.

Тој вели дека нема специфична терапија за лекување тука има поголема палета на лекови кои помагаат во овие случаеви.

Слични содржини