Д-р Георгијев: Верувам во вакцините против ковид и ќе се вакцинирам

од Берта Китинска

Во моментот работиме со она што го имаме, без ивермектинот и се надеваме дека со лекот ќе имаме подобри резултати. Се надеваме дека она што го читаме за него има охрабрувачки резултати, се додека не дојдеме до вакцината и бројката на колективен имунитет,  вели доктор Ален Георгијев, директор на кличичката болница во Штип во 24 анализа.

Георгијев вели дека минатата година не изместила од колосек и се барало волшебен лек, но таков лек за вируси не постои. Рече дека добиле и одредена количина на лекот Ремдисивир и во ако има потреба, ќе се дава на пациентите во коорднација со Инфективната клиника.

Воедно тој истакна дека вакцината дава резултат и е веќе пријавен на листата на здравствени  работници кои ќе ја примат вакцината која ќе дојде во земјава.

Слични содржини