Д-р Глигиќ за искуството со короната: Не можев три збора да кажам, ме хранеа

од Stefanija Kuzmanovska

Вирусологот Ана Глигиќ (87), по 13 дена поминати на кислородна поддршка, успеа да го победи коронавирусот во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде беше хоспитализирана.

Глигиќ наведува дека борбата била многу тешка и дека била прилично изненадена од фактот што се заразила три дена по ревакцинацијата.

– Не можев три збора да кажам, ме хранеа затоа што не бев во состојба, но конечно се вратив во живот. Излегов од болницата пред некој ден. Беше многу тешко, но го победив вирусот. Сè уште не сум се опоравила целосно – рече д-р Глигиќ за „Б92“.

Како што вели, била многу внимателна, меѓутоа, тој ден кога ѝ се слошило, направила тест на коронавирус и сфатила дека е заразена.

-За разговор треба да се биде сконцентриран, а јас во моментов немам сила подетално да го раскажам моето искуство со коронавирусот, но секако ќе соработуваме повторно- додаде д-р Глигиќ.

Да потсетиме, д-р Глигиќ беше ревакциниран на 25 февруари. Сепак, три дена откако ја примила втората доза, таа се чувствувала многу лошо и набрзо била хоспитализирана во КБЦ Драгиша Мишовиќ.

Слични содржини