Д-р Хасани: Со носењето на маска, не само што ќе се заштитиме од короната, туку и од многу други болести

од Aleksandar Petrovski

Заменикот министер за здравство д-р Илир Хасани за 24 анализа потенцираше дека се усвоени сите предлози кои биле предложени од Комисијата за заразни болести. Истакна дека има уште еден друг пакет на мерки кои биле препорачани од министерството и од владата се пренеле во Собрание за да се донесе мали законски промени со цел заштита на населението и се очекува во најкраток рок да се решат.

Хасани смета дека сите промени се од итен карактер и треба што побрзо да се донесат.

„Се работи за тешка болест со која сите тешко се соочуваме, не само ние, туку и во светот. Се работи за 40 милиони инфицирани и милион починати.“ – рече Хасани.

Хасани предочи дека здравјето на населението е најважно и со тоа нема компромиси и се настојува да се најде најнизок праг на рестриктивни мерки кои се оправдани за да не се оди со агресивно темпо на штета на граѓаните.

„Ова е болест на општеството, а не само на организмот. Терапијата на болеста освен со лекови е и социјалната терапија.“ – рече Хасан.

Во однос на носењето на маски, доктор Хасани вели дека со зборување, кашлање доведува до распрскување на ескалација на плунката и шансите за заразување се големи, доколку не се носи маска. Ако двајца не носат маски, моноста за трансмисија на болеста е голема.

„Ако гледаме статистички, едно излегување на улица, еден човек се состанува со 20 лица. Ставање на маска на 20 пати е невозможно и ако некој ја почитува таа состојба на ставање на маска толку пати, е има контаминација на маската.“ – вели доктор Хасани.

Со носењето на маска, не само што е се заштитиме од короната, туку и од многу други болести, како на пример настинка или грип, потенцираше доктор Хасани.

Слични содржини