Д-р Кон: Ми скандираа пред домот дека сум Менгеле, нема никогаш да им простам

од Nikola Popovski

Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб Предраг Кон изјави дека на синоќешниот протест против ковид-пропусниците му скандирале дека е „усташ, негативец и Менгеле“. Како што рече, „на последните што го нарекле така нема да им прости поради потеклото, бидејќи Менгеле се смета за најлошото зло што постои“.

Во рамки на граѓанскиот протест против ковид-пропусниците, кој со денови се одржува во вечерните часови во Белград, група граѓани се собраа пред зградата на епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон.

Тие извикуваа „уапсете го Кон“ и „Менгеле, Менгеле“.

„Морам да бидам јасен. Се скандираше дека сум усташ и тоа нема врска со вистината. Се скандираше дека сум негативец. И тоа нема врска со вистината, јас сум епидемиолог, негативецот е вирус, а тие застанаа на страната на злобникот. Тоа треба да им биде јасно. Им се обраќам на сите граѓани на Србија: Не им се придружувајте на злобниците! Тие скандираа дека сум Менгеле, а тој се смета за најголемото зло што постои, никогаш нема да им го простам тоа поради потеклото. На крајот тие скандираа „уапсете го Кон“. Зошто некој да ме уапси? Дали е тоа поради ковид-пропусниците? Став кон вакцините? Не! Апсолутно нема причина некој да ме уапси“, рече Кон.

 

Слични содржини