Д-р Кон: Се соочуваме со досега невидена ситуација, полоша отколку во април

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон за РТС изјави дека ова е несомнено најтешкиот ден во однос на бројот на загинати и дека се „соочуваме со досега невидена ситуација“.

– Несомнено, најтежок ден е во однос на бројот на загинати, а исто така и во однос на фактот дека започна ненадејно зголемување на заразени. Во Белград, вирусот не се смири, иако го очекувавме, луѓето сепак доаѓаат во брза помош со симптоми на корона. Ние во Белград тестираме околу 900 луѓе секој ден, додека претходно имаше околу 600. Мора да земеме во предвид дека резултатите доцнат 4-5 дена. Се соочуваме со досега невидена ситуација, полоша отколку во април, особено за Белград, каде здравствениот систем е целосно исполнет – рече д-р Кон.

– Другите градови имаат знаци на одредено подобрување, на некој начин ситуацијата се стабилизира во однос на прифаќање на случаи. Што се однесува до Шабац, Ужице и Крагуевац, ситуацијата е релативно мирна. Во мојата медицинска кариера сум немал можност да видам таква респираторна епидемија – потенцира Кон.

Тој исто така рече дека сите рекле дека топлината и сонцето ќе го потиснат вирусот, но тоа не се случи.

– Ова е однесување на сите други вируси што ги знаеме, тука е прашањето дека е можно да се остане во воздухот, но тоа се однесува само на затворен простор, спортски сали, лифтови … – вели епидемиологот.

Слични содржини