Д-р Лазаров: Откажете ги завршните митинзи, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема

од Берта Китинска

Доктор Ненад Лазаров преку својот Фејсбук профил  упати предлог за предизборен маркетинг:

„Откажете ги барем завршните митинзи, има време за тоа, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема за медицинари, хигиенски средства и филтри за воздух за училиштата, хигиена и заштита во јавен превоз, народни кујни и тн… Нема подобар маркетинг од ова а воедно ќе покажете дека ви е стало до народ и дека разбирате дека митинзи не се безбедни. Ова игнорирање на ковид кризата е психопатологија, ќе ни се врати ко бумеранг“, предложи Лазаров.

Слични содржини