Д-р Мехмедовиќ: Сојот Кракен нема да ги преполни болниците

од Nikola Popovski

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ порача дека во текот на денешниот ден ќе се дознае повеќе дали во земјава е присутен новиот сој на коронавирус  Кракен.

-Согласно она што го знаеме, оваа варијанта е варијанта на Омикрон. Не очекуваме да ги преполни болниците или да ги зголеми смртните случаи. Лесно е пренослив и очекуваме да се зголеми бројот на случаи. Иницијално најголемиот товар ќе биде на товар на примарното здравство и ќе се пожалат на горнореспираторни проблеми, кажа докторот во емисијата „Утрински печат“.

Доколку матичните лекари нема да можат постигнат со бројот на прегледи на дневно ниво, Мехмедовиќ вели дека ќе се оди на втора опција заедно со Министерството за здравство, со цел полесен пристап на пациентите до системот.

-Ковид амбулантите веројатно ќе бидат наменети за сите со горнореспираторни проблеми, рече докторот.

Според него, вакцини има во доволен број. Мехмедовиќ додава дека во наредниот период се очекуваат нови количини на новите вакцини, односно двовалентните вакцини, оние кои се надградени со новите варијанти.

Слични содржини