Д-р Несторовиќ откри колкава е стапката на смртност од Kовид-19

од Vladimir Zorba

Д-р Бранимир Несторовиќ можеби го напушти Кризниот штаб на Србија затоа што, како што изјави, му здосадило да биде „црна овца“, но тоа не значи дека престанал да се интересира за коронавирусот.

Така, пред неколку часа тој објави графикон на својот профил на Фејсбук, кој ја покажува вистинската смртност од короната на вирусот САРС-КоВ-2.

Извор на податоци е Американскиот центар за контрола и превенција на болести, а според нивните податоци, смртноста од Ковид кај возрасна група до 19 години е само 0,00003 проценти!

Нешто поголема смртност од корона има кај популацијата на возраст од 20 до 49 години, каде што смртноста е 0,0002%.

Сепак, во возрасната група помеѓу 50 и 69 години, стапката на смртност се зголемува на 0,005 проценти, а највисока е кај постарите од 70 години, поточно 0,054 проценти.

Слични содржини