Д-р Несторовиќ: Сега тестирањето на коронавирус е БЕСМИСЛЕНО, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Оваа епидемија ќе престане кога ќе стекнеме 60 отсто колективен имунитет, а мислам дека ние сме многу блиску до тоа, рече д-р Бранимир Несторовиќ.

Во интервју за порталот „Телеграф“, тој изјавил дека не треба сите да се тестираат, бидејќи критериумите за тестирање на веб-страницата на Светската здравствена организација (СЗО) се исти како и на почетокот на епидемијата – температура од 38 степени и поголема, и отежнато дишење.

„Целата идеја за тестирање е премногу чудна. Тоа никаде не го пишува. Ниту во една книга, ниту во една препорака. На почетокот на епидемијата, можете да ги бркате тие контакти и да ги тестирате за да спречите ширење на вирусот. Кога ќе се појават голем број на пациенти, тоа е бесмислено. Познато е дека тогаш се тестираат болните и оние кои биле во контакт со нив“, вели Несторовиќ и додава дека ризичните групи можат да бидат изолирани, а тоа се првенствено старите лица во домовите за стари лица.

„Осми месец е на епидемијата. Кога гледате земји кои биле заклучени, земји кои не биле заклучени, земји кои тестирале многу, кои не тестирале, нема многу разлика“, рече тој.

Несторовиќ, исто така, посочува дека смртноста од коронавирусот во моментов е на ниво на сезонскиот грип, а според истражувањето, шансите дете да умре од него се еднакви со шансите да го удри гром.

Тој смета дека вирусот нема да исчезне во следните пет години.

Слични содржини