Д-р Николиќ, заразена од коронавирус: Или ќе играте руски рулет со вашиот живот, или ќе седите дома!

од Vladimir Zorba

Гордана Николиќ, заразената докторка вработена во општата болница во Куманово, повторно се огласи на социјалните мрежи, откако сподели дека „нема играње со коронавирусот“.

Николиќ порачува дека или ќе играте руски рулет со вашиот живот и живот на вашите деца, родители, баби и дедовци или ќе седите дома.

„Денес е светски ден на здравјето. Има многу дефиниции за тоа што е здравје, нема да ве заморувам и да ви ги цитирам. Но, едно нешто буквално го почувствував деновиве. Здравиот човек има илјада желби, болниот само една….да оздрави! Во очекување сум да ми кажат дека имам право на илјада желби. И затоа седете дома, зошто нема играње со вирусот Ковид -19. Да, можете да минете и без симптоми, можете и со лесна клинична слика, можете да бидете со средно тешка, тешка или да завршите на респиратор. Ќе играте руски рулет со вашиот живот и живот на вашите деца, родители, баби и дедовци или ќе седите дома, размислете. Сонцето изгреа и бидете среќни секое утро кога ќе се разбудите здрави. Честит денот на здравството“, пишува Николиќ.

Слични содржини