Д-р Пановски: Ако веќе решиле вакцината да биде задолжителна, тогаш се укинува правото на ПЦР-тест

од Nikola Popovski

Најпрвин треба правно да се регулири да стане доброволната вакцина задолжителна, а не да викаме дека е доброволна, вака микробиологот д-р Никола Пановски ги коментира последните предлог-мерки на Министерството за здравство, за справување со пандемијата.

Според него, ако вакцината стане задолжителна, опцијата за граѓаните со ПЦР-тестот се укинува како право на избор.

– Ако сам го плаќа нема право на избор, можеби нема да има пари, ако го плаќа фирмата приватна исто така нема да има право на избор бидејќи ќе го отпуштат од работа. Затоа ако веќе решиле да биде задолжителна вакцината и тогаш нема ПЦР тест. Се дава рок до кога треба да се вакцинираат или да донесат потврда дека не смеат. Ако не го сторат тоа, ќе бидат казнети.

Тој смета доколку сега се усвојат предложените мерки, вакцинацијата ќе има ефект дури во месец март.

-Сегашниот бран ако дојде, ако сакаме да го спречиме треба да се донесат мерки. Тоа не е вакцината. Вакцината е континуиран процес и треба кампања за одговор на сите лажни вести или полувистини, па и одговори на стручни лица кои кажуваат дека вакцинацијата треба да се прекине, вели д-р Пановски.

Слични содржини