Д-р Пановски: Превентивното пиење антибиотици е лудост

од Берта Китинска

Превентивното пиење антибиотици е лудост, нема зошто здрав човек да пие антибиотик ниту во време на ковид 19, бидејќи е вирусна болест, вели во Утрински брифинг проф. Д-р Никола Пановски.

Тој напоменува дека употребата на антибиотици врши селекција на бактериите. Тие брзо се размножуваат и мутираат и си ја пренесуваат резистенцијата едни на други.

-Употребата на антибиотици врши селекција на бактериите. Тие брзо се размножуваат и мутираат и си ја пренесуваат резистенцијата едни на други. Кога ќе почнете наголо да давате антибиотик по пат на Дарвиновата теорија се прави селекција.Во Медитеранските земји, како Италија, Грција, Кипар, па и Македонија се препишуваат антибиотици 3 до 4 пати повеќе од скандинавските земји. Врз база на тоа може да кажеме дека кај нас од осум пациенти кои примиле антибиотик само еден требало да прими, вели д-р Пановски кој додаде дека врз база на оваа пракса инфекциите многу потешко се лечат во медитеранските отколку оние во скандинавските земји каде амоксицинот е главен лек.

Слични содржини