Д-р Пановски: Учениците да продолжат со физичко присуство без маски

од Nikola Popovski

Добро е Комисијата за заразни болести ако може да го скрати периодот и за изолација и идеално би било да ги тргнеме сертификатите, иако тоа е тешко да се направи, вели микробиологот Никола Пановски во изјава за ТВ Канал 5.

Според него, ковид-сертфикатите се чиста глупост без никакво научно и медицинско оправдување.

-Вакцинираните го шират вирусот исто како и невакцинираните. Што се однесува до децата, сметам дека е добро зимскиот распуст да се продолжи за две недели, барем додека не заврши пикот од овој бран. Исто така сметам дека децата треба да продолжат со физичко присуство во училишните клупи, но без маски, потенцира д-р Пановски и додава дека иако досега немало стратегија, сега веќе не се потребни ковид-мерки, затоа што според него „после свадба, тапани не бива“.

Слични содржини