Д-р Ристески: Политичарите требаше да седнат со верските лидери и во детали да разговараат за превенцијата кај луѓето

од Aleksandar Petrovski

Во „Само Вистина“ на Канал 5 гостуваше д-р Милан Ристески кој смета дека многу е тешко да спроведете одлука во држава каде што неказнивоста е основниот начин на живеење. Затоа требало политичарите да седнат со верските лидери и да бидат преземени мерки за превенција, а тоа не се случи.

-Повеќе фактори има за зголемување на бројот на заразени и починати. Викендот пред бајрам оној базичен број Р1 беше 0, тоа значи еден заразен заразува помалку од еден нареден. Нашите политичари знаеја дека треба да седнат со верските лидери во детали да разговараат за превенцијата, како кај луѓето од исламската вероисповед така и кај православните.

Мораше да се договори да бидат преземени барем оние најминималните мерки на претпазливост, а тоа не се случи. Не знаеме од кои причини немаше договор со верските лидери. Тоа е едниот модел.
Вториот модел се оние места каде живеат луѓе кои што не се толкави верници како Кисела Вода, Аеродром. Таму немаме друго објаснување освен дека голем дел од населението се однесувало преслободно и од невнимание болеста се пренесувала понатаму, рече д-р Ристески.

-Многу е тешко да спроведете одлука во држава каде што неказнивоста е основниот начин на живеење. Во текот на оваа корона криза излезе буквално најлошото од нас.

Можевме и малку порано да ги затвориме границите, почнавме добро, тука беше полската болница, респиратори имавме доволно. Но моментот на Р0 под 1, демонтажата на болницата, со преземање на кадар од другите градови кои е прашање колку е обучен да ја користи опремата, како на пример ова денес што го видов во штипската гинекологија најверојатно е проблем со личната опрема за заштита.
Карантин никогаш не било толку среќно решение за сите, бидејќи економијата стравично ќе трпи, а таква економија ние немаме.
Дексаметазонот во помали количини ќе ја намали цитокинската бура, тоа е точно. Многу е ефтин, малку поефтин од хлорокинот меѓутоа во однос на кратки стази е побезбеден. Во поголеми дози ќе го намали имуниот систем. Исто и хидрохлорокинот во даден во масивни дози има штетни дејствија, додаде д-р Ристески.

Слични содржини