Д-р Шеклер: Спутник V е можеби најотпорнa вакцина на мутациите на корона

од Nikola Popovski

Српскиот микробиолог Миланко Шеклер изјави дека во медиумите не се појавиле важни податоци објавени од производителот на вакцини Спутник, што покажува дека нивната вакцина е можеби најотпорна на мутациите на коронавирус.

Запрашан како ја оценува одлуката на Израел да воведе четврта доза од вакцината, д-р Шеклер за „H1“ рече:

„Четвртата доза ја воведе Израел, кој користи само Фајзер. Отсекогаш ја застапував тезата дека комбинацијата на вакцини е секогаш подобра, но тие упорно одат понатаму со Фајзер и стигнаа до четврта доза. Лично мислам дека податоците покажуваат дека Фајзер има загуба на неутрализација околу 40 пати, Модерна 60 во некои студии, но и до 80 пати, а Спутник V od три до седум пати. Тоа не се појави во медиумитe, дека Спутник објави дека нивната неутрализација опаднала за три до седум пати. Тоа е важен факт бидејќи кажува дека тaa е можеби најотпорна вакцина на мутации“, вели Шеклер.

Докторот нагласи дека во борбата против сојот омикрон, важен е клеточниот имунитет од вакцините што ги користиме и дали веќе сме биле заразени со коронавирусот.

„Клеточен имунитет – на него треба да се потпре, комбинацијата на вакцинација, инфекција и примена на мерки дава резултати. Многумина примиле три вакцини, некои се заразиле и така телото создава имунолошка одбрана и го зајакнува својот капацитет. Оние кои биле вакцинирани и биле заразени со вирусот имаат поголема имунолошка сила од оние кои не биле вакцинирани, ниту ја прележале болеста. За нив ова е само почеток на пандемија“, смета Шеклер.

Слични содржини