Д-р Шопова: Деградирачки е да се наградуваат матичните лекари поради вакцинацијата

од Nikola Popovski

Д-р Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести смета дека е „деградувачка“ одлуката на Владата за наградувањето на матичните лекари, во зависност од тоа колку нивни пациенти ќе се вакцинираат.

-Ако Филипче како лекар, министер за здравство не знае што работеле и работат матичните лекари, па сега …дури на лето…ќе ги наградува за нешто кои досега најстручно го обавувале , е крајно деградирачко! Од друга страна да го прашам Филипче, какво мислење ќе имаат пациентите за своите матични лекари, за нивните препораки!?, напиша таа на Фејсбук.

Според неа, ако вакцинацијата е превентивна мерка, а матичните лекари се всушност примарно здравство како важна карика во здравствениот систем, логично е дека тие и досега, во својата секојдневна работа со своите пациенти, покрај преглед и третман спроведуваат и превенција.

Шопова советува дека е пожелно е да се вакцинираат непрележаните, прележаните после одреден временски период , со оглед дека имаат природно стекнат имунитет кој штити од 6 до 9 месеци па и повеќе, со исклучоци на одредени болести каде стварањето на имунитет по прележан ковид е минимален.

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата вчера донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.

Слични содржини