Д-р Софијанова: Вакцинирањето против Ковид 19 е иднината

од Берта Китинска

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24  изјави дека ако вакцината не врати во нормала, сите ќе сакаме да се вакцинираме.

„ Сега кога сме во пандемија, дајте да си помогнеме – реваншизам не. Вакцинирањето е иднината.Ако вакцината не врати во нормала, сите ќе сакаме да се вакцинираме.Прва ќе се вакцинирам. Ни треба позитивно размислување, затоа што разединувањето може да штети. Кога се разговара за ставање на пазар за одреден лек поминува низ толку многу фази, повеќе релевантни компании прават анализи“,  вели д-р Аспазија Софијанова

Таа вели дека седум до осум деца има на Детска клиника позитивни со Ковид 19 воедно  постои можност децата од болницата во Козле да се пренесат на детска Клиника и дека децата најчесто полесно го поминуваат.

Слични содржини