Д-р Тиодоровиќ: Со вакцина против грип, има помалку шанси да фатите корона

од Vladimir Zorba

Секој што е вакциниран против сезонски грип, има помала веројатност да добие коронавирус или ќе го прележи во поблага форма. Не затоа што оваа вакцина создава антитела против коронавирусот, туку затоа што во голема мера го зајакнува имунитетот и му овозможува на организмот полесно да се бори против инфекцијата, објасни членот на Кризниот штаб на Србија, д-р Бранислав Тиодоровиќ.

Тој посочи дека вакцинирањето против грип е од голема важност, пред сè, со цел да се избегне судир со „Ковид-19“, нешто што се случи во Италија во март.

Тиодоровиќ потенцираше дека се подготвува вакцинација против грип кај најчувствителниот дел од населението, како што се хронично болните, старите лица, лицата на кои имунитетот е опаднат, мајки, бремени жени, деца со болести кои можат да предизвикаат пад на имунитетот

Лекарот од Ниш прв предложи вакцинацијата да започне на 1 октомври, многу порано отколку претходните години (врв на сезоната на грип во Србија е од јануари до март). Тој предлог беше усвоен и вакцинацијата ќе започне за околу десет дена.

Тиодоровиќ објаснува дека нема вакцина што 100% штити, но дека би било добро да се вакцинираат што повеќе луѓе против грип.

– Да бидеме јасни, нема вакцина што 100% штити, но кај луѓе кои имаат нарушен имунолошки систем, со хронични заболувања, таа вакцина ќе значи многу за поблага клиничка слика. А за старите лица и за болните, оваа вакцина може да значи превенција од смрт, објасни Тиодоровиќ.

Слични содржини