Д-р Жан Митрев: „Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. Тој не е мојот син!“

од Берта Китинска

„Тој не е мојот син“, вели за А1 он Жан Митрев , сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија.

Во вчерашната изјава за А1.он Митрев изјавил  дека лицето на кое му се суди не е негов син и дека случајно имаат исто презиме.За денеска откако бил праша  каква е неговата поврзаност со Филан Митрев, тој одговори: „Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“, за подоцна да каже дека станува збор за „лажни вести“.

Од оваа изјава останува нејасно дали Митрев се има откажано од својот син или пак во целост ја демантира поврзаноста со лицето кое е осомничено за тероризам.

Слични содржини