„Да бидеме хумани”: Секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови

По првата успешна донаторска акција, проектот „Да бидеме хумани” продолжува со хуманост, овој пат за создавање детски насмевки и среќа за секое дете бидејќи секое дете во светот е исто, и секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови.

-Драги наши следбеници, по нашата успешна прва донаторска акција, на наше огромно задоволство го претставуваме второто продолжение на проектот „Да бидеме хумани”. Оваа година со малку поинаков концепт. Да бидеме хумани и донираме да се забавуваме, креираме и посветиме внимание на нашите деца дома, ќе ги наградиме сите дечиња-учесници во хуманитарниот проект, ќе промовираме и поддржиме 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој настан, вели раководителката на проектот Елена Стојчевска.

Здружението “Љубезност” е исто така дел од проектот и ќе се погрижат донациите да стигнат до вистинско место, а планирани се низа активности и работилници за прибирање на средства наменети за најмладите.

– За почеток отвораме работилница на тема “Нова година – топол дом”. Вклучете се во работилницата со вашите дечиња, ученици од градинки, училишта, едукативни центри, креирајте и забавувајте се, така што за учество во работилницата донира 100 денари за секое дете. Парите од инста работилницата ќе бидат донирани за купување на новогодишни пакетчиња на деца кои не можат да си го дозволат тоа.

За благодарност на вашата љубезност ние ќе ги наградиме сите изработки со производи од нашите спонзори, додава останатата раководителка на проектот Симона Силјановска Василевска. Во рамките на проектот можете да донирате на телефонските броеви на Телеком, 070 143 100 и на А1 без префикс 143 100 или директно на банкарската сметка на ЗГ Љубезност-Скопје, Е-донации на Комерцијална Банка, 300-0000042978-15 со назнака за Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени дечиња, без учество во работилниците исто така можете да донирате новогодишни пакетчиња кои со поддршка од здружението „Љубезност” ќе бидат соодветно подигнати и распределени на социјално ранливи категории.

Слични содржини