Пролетта доаѓа наскоро, а со неа и сезоната на покусите панталони, здолништа, фустани. Нашите нозе ќе бидат на излог. Време е да се погрижиме за нив и да им обезбедиме добра транзиција од зимскиот кон пролетната сезона.dd91162df9e7b260813c2c9de9de0074

Еве што советуваат експертите:

1. Ексфолирајте

Да признаеме – нозете не се приоритет во зима, што се однесува до убавината. Мртвите клетки си се акумулирале во нашата кожа, формирајќи снегулки, а нозете ни се груби.

За да дојдете до мек и убав слој на кожата, треба да ексфолирате добро. Може да направите домашен пилинг со шеќер, во кој ќе додадете кокосово масло. Масирајте со пилингот на влажна кожа. Правете кружни движења, за да ја подобрите циркулацијата на крв.

2. Навлажнување

Изберете лосион или масло за тело, кое се користи за секојдневна употреба. Тоа не мора да е тешко, но пак треба да дава секси сјај на нозете. И тука може да се обложите на природните масла како арганово, бадемово, од јојоба. Нанесувајте, уште кога кожата е влажна.

3. Вадење на бронзантите

Дали сте виделе модел на костим за капење без убав бронзен тен? Најверојатно не. Бронзантите освен што даваат убава боја на кожата, ги продолжуваат нозете и изгледаат природно.

4. Обновете ја борбата против целулитот

Нема крем кој ќе направи чуда со целулитот. Сепак обложете се на производи кои содржат кофеин, кој сигурно ќе ја затегне кожата. Масирајте  длабоко.

5. Скриени несовршености

Не заборавајте да обрнете внимание на проширените вени, мозолчињата или увртени влакненца.

Слични содржини