Да ме поканевте да разговараме за цар Самоил немаше никогаш да дојдам, му порачал Пендаровски на Радев

од Nikola Popovski

Му реков претседателе да ме викневте во Софија за да разговараме за цар Самоил, немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за ваква тема која е тема на 21-от век, а не на 10-ти, 15-ти или 19-ти век, доаѓам и ќе доаѓам секогаш. 24 часа сум на располагање и јас и Владата за да разговараме за теми поради кои не избрале граѓаните, вака претседателот Стево Пендаровски му се обратил на неговиот бугарски колега Румен Радев, откако беше поканет во Софија да присуствува на пуштањето во употреба на гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија.

Пендаровски додаде дека „сака да се вратат на тоа што беше пред минимум две години, односно чистата европска агенда и критериуми за влез во ЕУ“.

-Не сакаме да разговараме за историја или историјата да доминира што треба да правиме што сме бирани во овие години. Мислам дека има разбирање во таа смисла во Софија, но останува да видиме дали утре после изборите ќе има политичка Влада. Знаете дека техничките влади имаат лимитиран капацитет и надлежности, порача претседателот во изјава за македонските медиуми.

Слични содржини