Да не беше снимката од оваа девојка, полицаецот кој го уби Флојд веројатно ќе се извлечеше

од Stefanija Kuzmanovska

Ако 17-годишната Дарнела Фрејзер не го снимаше убиството на Џорџ Флојд, Дерек Шовин потенцијално се уште ќе беше полицаец кој патролира по улиците на Минеаполис.

Наместо тоа, Шовин е зад решетки и е осуден по сите три точки од обвинението, откако клечеше на вратот на Џорџ Флојд повеќе од 9 минути.

„Да не беше таа, тоа ќе беше уште еден црнец убиен од полицијата. Тоа е жално“, рече тетката на Џорџ Флојд, Анџела Харелсон.

„Го смени текот на историјата“

На девојката јавно ѝ се заблагодари и гувернерот на Минесота.

„Снимањето на тоа видео можеби е единствената причина поради која Дерек Шовин ќе оди во затвор“, рече гувернерот Тим ​​Валц.

Влијанието на нејзините снимки го надмина случајот на Шовин. Тројцата полицајци од местото на настанот беа отпуштени, а глобалното движење за расна правда беше поттикнато.

„Дарнела го смени текот на историјата во оваа земја со својот мобилен телефон и храброст“, рече Сузан Носел, извршна директорка на непрофитната организација ПЕН Америка.

Многумина велат дека снимката е дел од историјата.

Слични содржини