Да се инвестирало во изминатите 15 години доволно во образованието денеска овие проблеми немаше да ги имаме, вели Царовска

од Vladimir Zorba

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција соопшти дека за целодневната настава се прават дискусиии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите. Откако ќе имаат конечна информација ќе ја соопштат до јавноста.

Таа денеска одговори на новинарско прашање, што со оние дечиња до трето одделение кои ќе посетуваат физичка настава, која ќе трае до 10:30, дали имаат решение за нивно згрижување, со оглед на тоа што родителите треба да се на своите работни позиции.

-Протоколите за отворање на училишните и студентските домови се во Комисијата за заразни болести. Двете министерства разговараат за оние прилагодувања што треба да се направат за на крајот да може Комисијата да ја донесе конечна одлука. Штом Влдата ја донесе одлуката, каква и да е, јавноста ќе биде известена, рече Царовска во врска со отворањето на студентските домови.

За платите во високото образование, Царовска рече дека сите плати се пуштени на второ ниво и веројатно самите универзитети ги распоредуваат платите по факултети. Зошто некаде има доцнење, таа смета дека треба да се праша веројатно во ректорската управа. Појасни дека при преземањето на функцијата требало неколку дена за поставување на исплатни картони, за поставување на нејзиниот потпис во Централниот регистар за да може да почне да се врши исплатата, како и контрола на системите кои се во Министерството, од нејзина страна за да може да овласти луѓе кои ќе ги примпремаат сите плати. Царовска вели дека од 5 до 7 во месецот ќе има исплата на сите платите.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека пред нив има многу предизвици, и пристап до интернет конекција и пристап до дигитална опрема.

– Да се инвестирало во изминатите 15 години доволно во образованието денеска овие проблеми немаше да ги имаме и да се внимавало каков тип на договори се склучуваат за пристап до интетнет, нагласи Царовска.

Информира дека се сретнала со градоначалниците и со директорите на училиштата и дискутирале главно за тоа дека обврската за функционалност на објектите и за пристапот е на нивна одговорност. Тие, како што рече, прават максимум да склучаат договори за да имаат интернет за наставниците.

-Дали ќе имаме деца кои ќе немаат ИКТ опрема и интернет, ќе имаме такви. За интернет се трудиме да обезбедиме донација, но за ИКТ опрема нема да можеме да обезбедиме 40 илјади уреди кои ќе бидат доставени до сите деца. Но, затоа се трудиме да обезбедиме сите 15-минутни часови кои веќе се снимени и ќе бидат поставени на платформата, за секој случај да може да се презентираат и на националната телевизија по распоред за да може секое дете да биде изложено на информациите кои треба да ги добие во училиште. Секако, училиштето ќе треба да печати материјали кои преку родителите ќе бидат доставени до децата, рече Царовска.

loading...

Слични содржини