„Да се создадат услови за преговори“: Шефовите на дипломатиите на Кина и Украина разговараа телефонски

од Stefanija Kuzmanovska

Кина е подготвена да работи со Украина за заеднички да го промовира одржливиот и стабилен развој на билатералните односи, навел кинескиот министерот за надворешни работи Чин Ганг во телефонски разговор со украинскиот министер за надворешни работи, Димитро Кулеба во четвртокот.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Украина пред 31 година, билатералните односи го задржаа моментумот на развој. Украина ја изрази својата посветеност за воспоставување искрени односи со Кина врз основа на меѓусебно почитување, за што Кина е благодарна“, рече Чин.

Од своја страна, Кулеба рече дека Кина не е само важен партнер на Украина за соработка, туку и незаменлива клучна сила во меѓународните работи.

„Гледајќи ги односите меѓу двете земји од долгорочна перспектива, украинската страна ќе продолжи да се придржува до принципот една Кина, да го почитува територијалниот интегритет на Кина и да се радува на зголемување на меѓусебната доверба и продлабочување на соработката на различни полиња со Кина“, истакна Кулеба.

Кулеба изрази благодарност до Кина за обезбедувањето хуманитарна помош за Украина.

Чин го повтори ставот на Кина дека таа секогаш зазема објективна позиција и е посветена на промовирање мировни преговори за кризата во Украина и ја повика меѓународната заедница да создаде услови за преговори.

„Кина е загрижена поради можната ескалација на кризата“, рече Чин.

„Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во ублажувањето на кризата и продолжувањето на мировните преговори“, додаде тој.

Слични содржини