Да се замрзне работата на мешовитата комисија додека не се релаксира политичката атмосфера, вели Ѓоргиев

од Берта Китинска

Македонскиот копретседател на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, вели дека нема ништо против да се замрзне работата на комисијата додека не се релаксира политичката атмосфера во двете држави.

Toj рече дека замрзнувањето на работата на комисијата на одреден период не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе за другите работи меѓу Македонија и Бугарија да тргнат напред.

„Доколку во овој момент историската комисија прави проблем на патот по кој се тргнати двете влади, да се релаксира политичката атмосфера, јас би бил согласен работата на комисијата да се замрзне. Година, две, да се замрзне работата на комисијата бидејќи повторно е чуството дека таа комисија создава проблеми преку препукувањата наши во јавноста. Ако навистина се сака да се постигне некаков напредок меѓу Македонија и Бугарија на сите други нивоа, тоа и не би била толку страшна одлука, бидејќи ние 70 години сме во историографски конфликт со Бугарија. Година или две замрзнување на работата на оваа комисија не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе да тргнат другите работи напред“, рече Ѓоргиев во Топ Тема.

Слични содржини