„Да се запалат и убијат тие кои се вратија од странство“: Кривична за прилепчанец

од Берта Китинска

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(42) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавениот на 28.03.2020 во 06:51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

Слични содржини