Да, сексот убива!

од desk3

Физичкото оптоварување, вклучувајќи го и сексот, го зголемува ризикот од инфаркт. Ова важи особено за оние од нас кои не вежбаат редовно. Тим од медицинскиот центар “Тафтс” во Бостон ги анализира информациите од 14 различни истражувања за да се открие врската помеѓу вежбите, сексот и ризикот од инфаркт.

Американските научници стигнаале до заклучок дека луѓето кои тренираат, се 3,5 пати повеќе загрозени од срцев удар, отколку оние кои не прават ништо. За време на секс или веднаш потоа ризикот е 2,7 пати поголем. Според Џесика Полар од центарот “Тафтс” опасноста е навистина голема, но таа е во сила само за ограничен временски период – 1-2 часа за време на и по физичката или сексуалната активност.

Со други зборови – на 10 илјади лица инцидентите се 1 до 2 годишно. Нема како да не го игнорираме сепак и истражувањата кои докажуваат дека редовната физичка активност го намалува ризикот од срцев удар за околу 30 проценти. Ако ги споредиме со заклучоците на екипата од “Тъфтс”, заклучокот е јасен – треба да ги избегнуваме ненадејните оптоварувања или да ги претвориме во редовни.

Бидејќи редок секс е многу пати поризичен за срцето, отколку секојдневниот.

Слични содржини