Десетици видови храна во супермаркетите во Грција ќе поскапат, бидејќи ДДВ порасна од 13 на 23 отсто. Промените произлегуваат од постигнатиот договор меѓу Атина и нејзините кредитори, постигната во Брисел.

0000270054-article2

Од истата причина скок на цените ќе има и на билетите за градскиот транспорт.

Поради тоа цените на десетици други категории храна во Грција ќе останат непроменети, бидејќи за нив се задржува досегашната ДДВ стапка од 13 отсто, соопштуваат грчките медиуми.

Особено со 8 отсто се очекува да поскапат шеќерните производи, безалкохолни пијалоци, сокови, конзервираната хреана, чоколадните производи, кафето, растителните масла, маргаринот и путерот од животинско потекло, а исто школарината, поправачките услуги и други.

Со 23 отсто ДДВ ќе бидат оданочени исто и билетите за градскиот транспорт, такси тарифи, билетите за возовите и авио билети за внатрешни дестинации.

Непроменети ќе останат цените на другите стоки и производи кои ќе продолжат да бидат оданочувани со досегашната стапка 13 проценти ДДВ. Тоа се: селско-стопански животни, месо, риби, растителни семиња, маслиново масло, вода, електрична енергија, природен гас, товарни возила, контрацепција, ортопедски материјали, опрема, земјоделски, социјални и погребални услуги, а исто престој во хотели, паркинзи, кампови и итн

Слични содржини