Да влезеш во Влада со скандали е тешко и тоа може да ни се одрази на рејтингот, вели Таравари

од Vladimir Zorba

Да влезеш во Влада со скандали е тешко и тоа може да ни се одрази на рејтингот, но некогаш граѓаните и општеството се побитни од партијата. Ако имаме гаранции дека може да се постигне бројката од 80 гласа, тогаш може да почнеме преговори, ако не, ќе размислиме и ние. Не сакаме да го рискираме нашиот рејтинг, рече вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари во гостувањето на ТВ Сител.

„Ги гледате пораките на сите релевантни чинители – сите велат добро е земјава заедно со Албанија да ги продолжи преговорите. Многу е неодговорно да речете „одиме на избори”. Пораките од меѓународниот фактор се „почнете ги преговорите”. Ако Владата потврди дека може да обезбеди 80 гласа, тоа е услов. Да направиме консензус дека го отвораме Уставот и тогаш да, да одиме на предвремени избори во јуни или септември, во таков случај не влегуваме во Влада. Значи, не би влегле во рискантен потег ако не се направат уставни измени. Ако имаме гаранција од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги почнеме уставните промени, да ги поминеме двете фази и во јуни или септември да одиме на избори. Заедно да најдеме решение, да најдеме 80 гласа и да ги почнеме преговорите, рече Таравари.

Слични содржини