Дабл-дабл на Адетокунбо во триумфот на Милвоки над Филаделфија

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Милвоки бакс продолжуваат со одличните партии во НБА лигата. Тие ноќеска ја совладаа Филаделфија со убедливи 119:98.

Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокунбо со 31 поен, 17 скокови и осум асистенции.

По оваа победа Милвоки се зацврсти на првото место во Источната конференција со биланс 48-8 (победи-порази), пред шампионот Торонто кој има ефект 41-15.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта сабота кон недела:
Шарлот – Бруклин 86:115
Атланта – Далас 111:107
Чикаго – Феникс 104:112
Мајами – Кливленд 124:105
Јута – Хјустон 110:120.

Слични содржини