Дачиќ: Не можеме да ја пуштиме раката на Русија, додека Западот не ни пружи друга рака

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Србија сака да најде заеднички интерес со западните земји и договор за Косово, но дека не може да ја пушти „единствената рака што ја држи над пропаст“ по ова прашање, а тоа е Русија.

Во интервју за Гласот на Америка, на прашањето дека веќе кажал дека „можеме да воведеме санкции кон Русија, но не можеме да се откажеме од Косово“, и зошто ги поврзува тие две работи, Дачиќ посочи дека се работи за логиката на големите сили.

„Зошто големите западни сили инсистираат Србија да воведе санкции кон Русија? Зошто тие не ја разбираат позицијата на Србија? Па, ниту Русија нема да ја разбере позицијата на Србија“, рече Ивица Дачиќ.

Слични содржини