Дачиќ: Организиран обид за државен удар и атентат врз српскиот претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека е јасно дека е подготвуван и организиран обид за државен удар и бара надлежните органи да ги преземат сите мерки.

„Јасно е дека денеска и вечерва е подготвуван и организиран обид за државен удар, атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ и насилно преземање на власта“, изјави Дачиќ за „Танјуг“.

Тој рече дека бара надлежните државни органи итно да ги преземат сите мерки за заштита на уставниот поредок и јавниот ред и мир.

Слични содржини