Дачиќ: Стратешка определба на Србија е да ја подобри соработката со САД

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска во разговор со амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, истакна дека стратешка определба на Србија е да ја подобри соработката со САД во области од заемно значење.

Дачиќ најави дека следната недела ќе ги посети САД за да учествува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, каде што ќе има средби во Стејт департментот и Конгресот.

На средбата Хил-Дачиќ била изразена взаемна определба за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високи и највисоки државни функционери на Република Србија и на САД, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Слични содржини