Дачиќ: Земјите кои не ја признале независноста на Косово да ја оспорат кандидатура на Приштина за членство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија, освен што се подготвува за пристигнување на бројни функционери, работи и на тоа членките на ЕУ кои не ја признале независноста на Косово од статусен аспект да ја оспорат најавената кандидатура на Приштина за членство во ЕУ.

Дачиќ за „Танјуг“ изјави дека покрај најавените доаѓања на бројни функционери, за Србија е важен и 15 декември, кога постои можност Приштина да поднесе барање за членство во ЕУ.

„Ние исто така работиме на повикување на сите земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово да го оспорат прашањето од статусен аспект – дека нема услови да се разговара за тоа“, рече Дачиќ.

Слични содржини