Дачиќ ја обвинува опозицијата за случувањата пред Собранието на Србија

од Vladimir Zorba

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека таа партија го осудува, како што изјавија, „хаосот, инцидентите и насилниот упад во Националното собрание“.

„Нема сомнение дека ова е реакција на опозицијата на повикот (на српскиот претседател Александар Вучиќ) за единство во борбата против короната и во однос на државните предизвици со кои ќе се соочи Србија. Во Собранието се влегува преку избори, а не преку улица. Со ова се нанесува штета на Србија како целина, но тие исто така ги загрозуваат животите на луѓето“, рече Дачиќ.

Демонстрациите се одржуваат пред Националното собрание, кои следат откако Вучиќ најави нови рестриктивни мерки заради епидемиолошката состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Слични содржини