Дачиќ: Нема да се извиниме за судењето на оние што убиваа Срби

од Nikola Popovski

Србија нема да му се извини на никого за судењето на оние што убивале Срби, истакна српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, по повод реакцијата од Сараево на пресудата на белградскиот суд врз Хусеин Мујановиќ поради злосторствата против Србите во Храсница, и додал дека го поканил српскиот амбасадор во БиХ, Александар Ѓорѓевиќ на итни консултации во Белград.

Дачиќ изјавил дека е апсолутно неприфатливо надвор од каква било дипломатска практика за нотата на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, испратена до Министерството за надворешни работи на Србија, да биде објавена прво во медиумите, а дури после тоа да биде доставена доБелград по електронска пошта.

Изјавувајќи дека амбасадорката на БиХ во Србија, Аида Смајиќ, е поканета на консултации во Сараево, Дачиќ изјавил дека како реакција на таква постапка, тој го поканил амбасадорот на Србија во БиХ, Александар Ѓорѓевиќ, на итни консултации во Белград.

„Поради тоа, тој нема, ниту е во состојба да одговори на поканата за средба со Сефик Џаферовиќ и ќе се врати во Сараево само откако амбасадорката на БиХ ќе се врати во Белград“, изјавил Дачиќ за српските медиуми.

Слични содржини