Дачиќ: Потребнo e единство во времиња кога на нашата земја и се заканува војна

од Vladimir Zorba

Претседателот на СПС, Ивица Дачиќ изјави дека дава целосна поддршка на делегацијата на Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, која, како што рече, успешно и цврсто се борела за мир и за заштита на српските државни и национални интереси во Брисел, а воедно повика на единство на сите политички субјекти.

Тој изјави дека уште еднаш се потврдило дека причина за сите проблеми е однесувањето и политиката на Приштина, која одбива каков било компромис и договор и која, како што наведува, сериозно го загрозува мирот на Косово, но и во целиот регион, со своите еднострани потези.

– Истовремено, ги предупредувам сите политички субјекти во нашата земја дека очајно ни е потребна политичка стабилност и единство во овие тешки моменти кога на нашата земја и народ им се заканува војна и дека секоја политичка злоупотреба на различни теми во овие моменти, како на пр. Европрајд, Понош, разни протести и блокади, ширење на разни лажни вести за поскапувања и економска нестабилност, им штетат на интересите на нашата земја и народ – посочи Дачиќ.

Тој повтори дека во негово име и во името на Социјалистичката партија на Србија му дава целосна поддршка на претседателот Вучиќ во овие денови кога, како што рече, се носат одлуки за виталните интереси на Србија, но и за нашиот народ во Косово.

Слични содржини