Дачиќ за Пендаровски: Доста ми е од лицемерни изјави (видео)

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во интервју за српското издание на „Спутник“, на прашањето за изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој рече дека не треба да има корекција на гранците меѓу Косово и Србија, односно да не дојде до размена на територии, изјави дека се согласува со претседателот на Северна Македонија дека менувањето на границите не е секогаш идеално решение.

„Единствено прашање е за кој период мисли и дали размислува за границите на Србија или за границите на неговата земја. Јас сум уморен од ваквите лицемерни изјави кога некој ќе ја земе вашата куќа и вели дека ситуацијата е сега таква и дека нема потреба од понатамошни промени. Принципот на неповредливост на границите беше прекршен кога беше признаено Косово. Затоа, аргументот да нема промена на границите, кои ние не ги признаваме затоа што според Косово се административни линии, е обид да се запре негативниот ефект од она што се случило околу Косово врз некои други земји. Требаше да размислат за тоа пред да го признаат Косово“, вели Дачиќ во извадок од неговото интервју.

Слични содржини