Дадени се повеќе од милијарда и пол дози на вакцини во светот: Кои земји се уште не започнале со имунизација?

од Nikola Popovski

Од почетокот на вакцинацијата против коронавирус, пред шест месеци, во светот се дадени нешто повеќе од милијарда и пол дози, од кои скоро 60 проценти во Кина, САД и Индија.

Според податоците на специјализираната страница „Our world in data“, 421,9 милиони дози се дадени во Кина, 274,4 милиони во САД и 184,4 милиони во Индија. Следува Велика Британија со 56,97, Бразил 52,77, Германија 40,1, Франција 29,15 и Италија со 27,48 милиони дози.

Во однос на бројот на жители, Израел е на прво место, каде што скоро 60 проценти од населението е целосно имунизирано. Следува Чиле со 39 проценти, ОАЕ со 38, Бахреин со 37, САД со 36, Велика Британија со 30, Унгарија со 28, Уругвај со 27 и Србија со 26 проценти.

Фактот дека имунизацијата се забрзува во светот покажува и фактот дека 500 милиони дози биле дадени во првите четири месеци од вакцинацијата, а во следниот месец тој број се удвоил, а следните 500 милиони биле дадени за три недели.

Вакцинацијата сè уште не е започната во 11 земји – Танзанија, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканската Република, Еритреја, Вануату, Кирибати, Северна Кореја, Туркменистан и Хаити.

Слични содржини