Дајан Кругер замоли папараци да не ѝ го сликаат бебето

од Vladimir Zorba

Дајан Кругер ги искористи социјални мрежи за да побара папараците да ја остават неа и нејзиното бебе на мир. 42-годишната актерка за прв пат стана мајка на почетокот на неделата и беше фрустрирана поради фактот што фотографите веќе можеа да го снимат новороденчето без нејзина согласност и да му го покажат на светот.

“Драги фанови, не фанови, папараци и некои со мала совест. Бевме забележани со сликите на папараци со мојата ќерка. Овие фотографии беа снимени без моја согласност и на јавноста беше изложено беспомошно и невино бебе. Сфаќам дека некои луѓе сакаат да ја видат нашата ќерка, но како родители, ние најмногу сакаме да расте со сигурност и да има личен неприкосновен простор.

Заедно со @bigbaldhead, љубезно ве замолуваме да не ги споделувате фотографиите што веќе  ги објавиле и да ни помогнете да ја оствариме нашата цел. Ги молам оние кои ги поставија сликите да ги тргнат.

Ставете се на нашето место. Ние сме како и сите други родители кои го сакаат најдоброто за нивното дете. Ви благодариме за вашата поддршка “, напиша ѕвездата на социјалните мрежи.

За бебето, сè уште нема други информации освен неговиот пол. Татко е партнерот на ѕвездата, Норман Рид, со кого таа е заедно од 2015 година.

Слични содржини