„Дајмонд Принцес“: Потврден првиот случај на инфекција со коронавирус кај руски државјанин

од Nikola Popovski

Русинка,  која претстојува на крузерот „Дајмонд Принцес“ закотвен во Јокохама е заразена со коронавирус.

Резултатите од тестот на јапонските власти го потврдија тоа, објави руската амбасада во Јапонија, пренесе Ројтерс.

Жената ќе биде пренесена во болница, каде што ќе продолжи со лекувањето, соопштија од амбасадата.

Ова е прв случај на инфекција со коронавирус на руски државјанин, откако двата претходни случаи на инфекција во Русија беа  кинески граѓани.

Крузерот „Дајмонд Принцес“ со 3711 патници и членови на екипажот беше ставен во карантин на почетокот на февруари, откако со тестирање се покажа дека еден човек кој се симнал во Хонг Конг, бил позитивен на новиот коронавирус.

Вчера 355 луѓе на крузерот беа прогласени за заразени, а САД денес ги евакуираа своите граѓани.

Слични содржини