Дакота Џонсон се раздели со фронтменот на „Колдплеј“

од Vlatko K

Фронтменот на британската група „Колдплеј“, Крис Мартин и американската актерка Дакота
Џонсон се разделиле по 20-месечна врска, пишува „Дејли Мирор“.

поред извор од опкружувањето на 42-годишниот Мартин, цитиран од весникот „Сан“, музичарот
соопштил на своите пријатели дека веќе е слободен, откако со 29-годишната Џонсон одлучиле да
преземат по различни патишта.

Веста е изненадувачка, бидејќи до неодамна се сметаше дека односите меѓу Крис Мартин и Дакота
Џонсон се сериозни и двојката дури размислува за брак. Романсата помеѓу Мартин и Џонсон
првпат беше откриена во октомври 2017 година.

Пред да се врзе со ѕвездата на „50 нијанси сиво“, фронтменот на „Колдплеј“ имаше врски со
Џенифер Лоренс и Анабел Волис.
Крис Мартин има две деца од актерката Гвинет Палтроу, чиј брак траеше 13 години, потсетува
изданието

Слични содржини