Далечниот исток на работ на војна: Кинески генерал се закани со напад на Тајван доколку се обиде да се осамостои

од Nikola Popovski

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да ја спречи неговата независност, предупреди во петокот еден од највисоките генерали на Кина, што претставува вербална ескалација кон демократскиот остров што Пекинг го смета за своја територија.

Говорејќи во Парламентот по повод 15-годишнината од Законот за борбата против отцепување, Ли Зуоченг, началник на здружениот штаб и член на Централната воена комисија, оставил простор за употребата на сила.

Тој закон од 2005 година е правна основа за воена акција против Тајван ако сака да се осамостои или се обиде да го стори тоа. Бојното поле тогаш ќе стане Тајванскиот теснец.

„Ако не е можно мирно обединување, вооружените сили ќе ги преземат сите неопходни мерки со целата нација, вклучително и народот на Тајван, за решително да спречат какви било сепаратистички планови или потези“, рече Ли.

Иако Кина никогаш не ја отфрли употребата на сила да го врати Тајван под своја контрола, многу е ретко за толку високорангиран и активен воен службеник толку отворено да се заканува на јавен настан.

Изјавата на Ли е особено чувствителна откако Кина донесе нов закон за национална безбедност во Хонг Конг.

Ли е еден од неколкуте кинески воени службеници со борбено искуство стекнато во кинеската инвазија во 1979 година во Виетнам.

Тајван е еден од најчувствителните територијални проблеми за Кина. Пекинг вели дека тоа е кинеска провинција и ја осудува поддршката на САД за островот.

Слични содржини