„Дали ќе се прошири црната листа на САД“: Ковачевски откри за што разговарал со Шоле

од Nikola Popovski
161 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски даде повеќе детали за неговата денешната средба со американскиот советник Дерек Шоле.

-Разговаравме на неколку клучни теми како справувањето со економската и енергетската криза. Продолжуваме со соработката со САД. Втората тема за која разговаравме беше претседавањето со ОБСЕ. Разговаравме и за европскиот пат на државата и на спроведувањето на сите реформи и носењето одлуки кои што значат интегрирање на државата во ЕУ. Зборувавме и за уставните измени. САД од самиот почеток на нашата независност се наш стратешки партнер и секогаш сме имале поддршка од нив. Беше дискутирани и за борбата против корупцијата и владеењето на правото, рече Ковачевски откако беше запрашан дали бил информиран дека црната листа на САД ќе се зголеми со поранешни и актуелни функционери од Македонија.

Тој додаде дека воопшто не зборувале за „црната листа“.

-Тоа е активност на САД. Знаете дека има стратегија за борба против корупцијата и во неа се наведени сите активности кои се преземаат во однос на тоа. Ние сме земја-партнер на САД и таа листа за санкции е против лица кои што работат спротивно на практиките на добро владеење. Американските истражители беа овде, но нивната работа е пред американските органи, со кои ние сме во партнерски односи и имаме стратешки дијалог, додаде премиерот.

Слични содржини